Оваа двоспратна куќа (вила) за играње комплетно опремена со мебел и 4 фигури ќе ги занимава вашите деца со часови.
Куќата има 3 пространи соби, кои може да ги опремите по желба (благодарение на покуќнината и мебелот кои се вклучени во сетот, а има и отворена тераса.
Декорирајќи ги собите вашите деца ќе ја развиваат креативноста, смислата за простор и моторичките вештини.
Предметите функцинални што дава додатна реалност на играта, тоалетот се подига, фиоките се отвараат итн..
Сетот доаѓа со функционален мебел и покуќнина, идеални за имагинативна игра и 4 фугури за играње.
Предната страна на куќата е отворена за игра а останатите страни се затворени.
Во процесот на играње, најпрво детето ќе си ја развие интелигенцијата и креативноста составјќи ја куќата и опремувајќи ги собите по желба. Воедно ќе ја развива и моториката посебно координацијата на рацете со очите.
Откога ќе се состави куќата со куклите детето ќе може да си игра имагинативна игра во најразлични сценарија. Ќе се учи на правилно однесување, социјализација и ред.
Карактеристики
- Куќа со 3 соби и отворена тераса
- 4 Фигури – Мајка, Татко, Братче и Сестричка
- Комплетно опремена со мебел и покуќнина
- Изработена од високо квалитетни материјали
- Обоена со нетоксични бои
- Одлично за имагинативна игра
- Развој на интелигенцијата, моториката, социјализацијата
Димензии:
Димензии на пакувањето: 39.5х36.5х17 cm
Производот доаѓа во прикладно трговско пакување во боја, идеално за импресивен подарок.
Забелешка: За деца над 3 годишна возраст, секогаш под супервизија на родител-старател.
Оценки
Сеуште нема оценки