Ви го претставуваме најновото Кинеско Чудо.
Шумлива таблета со концентрат за ветробранска течност која покрај тоа што чисти, го продолжува и животниот век на вашите бришачи.
Звучи навистина едноставно и генијално нели…
Една таблета се раствара во 4 литри вода.
А може да ставите и помалку доколку сакате појак концентрат, или доколку сакате убаво да ја освежите гумата на вашите бришачи.
Таблетата се раствара за 15-20 минути во зависност од квалитетот на водата, може дирекно да ја ставите во резервоарот за ветробранска течност, а може и претходно да ја растворите во некој сад.
Кога возите по лоши временски услови мора да бидете сигурни дека вашиот автомобил е подготвен за задачата. И најважниот дел од безбедното возење по неповолни временски услови е да можете да гледате јасно каде возите.
За да бидете сигурни, без разлика на времето дека имате совршен поглед преку стаклото на вашиот автомобил. Овој концентрат е вистинскиот одговор, нема повеќе удирање и мачкање.
Покрај за автомобилот може да ја користете и за сите други стаклени површини, може да си растворите една таблета во шише и да ја користите по потреба.
Важна Напомена: Да се чува вон дофат на деца.
Оценки
Сеуште нема оценки