Иновативен сет со кој децата ќе може да си направат свое дувло.
Благодарение на иновативната технологија која се состои од специјални топчести спојки со дупчиња и шипки од абс пластика, може да се направат најразлични конструкции.
Во сетот е вклучена и прекривка за да го затворите дувлото.
А може да си купите два или повеќе сета за мега конструкции.
Идеален за имагинативна и креативна игра. Посебно е интересно кога го играат повеќе деца заедно.
Идеален за дома, дворот, градината, паркот, забави, градинка, итн…
Исклучително лесно за склопување и расклопување без користење алатки.
Сетот се состои од:
36 топчиња спојки (по 9 жолти, зелени, црвени и плави)
51 шипка
1 прекривка
Димензии:
Дијаметар на топчињата спојки 3.5cm
Должина на шипките 31cm
Димензии на прекривката 150×120cm
Димензии на пакувањето 43×34×6cm
Производот доаѓа во прикладно трговско пакување во боја идеално за подарок.
Забелешка: За деца со возраст над 3 годишна возраст. Секогаш под супервизија на родител-старател.
Оценки
Сеуште нема оценки